Ветил дека ако мајка му го пушти да игра фудбал, таа веќе никогаш нема да мора да работи

Мароканскиот фудбалер Софјан Буфал откри интересна животна приказна во која главна улога има неговата мајка. Буфал е роден пред 29 години во Париз, а родителите му се од Мароко, кои имигрирале во Франција.

Буфал заедно со неговите сестри и браќа имал многу тешко детство затоа што сите морале да работат за да преживеат. Најголема жртва давала нивната мајка, која морала да работи повеќе работи за да ги добие потребните пари.

„Мајка ми е сѐ на светот. Додека бевме деца, таа сама нѐ издржуваше. Секогаш се борела за нас и го давала својот живот. Кога имав 18 години, честопати не можев да одам на тренинзите затоа што морав да работам. Еден ден ѝ реков на мајка ми: Пушти ме да играм фудбал и никогаш веќе нема да треба да работиш. Ми даде шанса и сега ужива во животот“, често знае да каже фудбалерот кој откако наполнил 18 години решил целосно да ѝ се посвети на кариерата.

Професионалната кариера Буфал ја започна во тимот на Анже, а потоа играше за Лил, Саутхемптон и Селта Виго. Сега повторно е во дресот на Анже, а се оечкува да биде дел и од репрезентацијата на Мароко на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести