Домагој Вида одигра едно полувреме за хрватската репрезентација против Турција, а на полувремето беше заменет од игра, и тоа поради една необична работа. На полувремето пристигнале резултатите од повторното тестирање на Вида за корона-вирусот, а тој бил позитивен. Тоа значи дека Вида едно цело полувреме против Турција игра заразен со опасниот вирус.
„На понеделничкиот тест пред мечот со Турција, сите играчи и членови на стручниот штаб беа негативни. Во средата наутро беше направено редовно тестирање во пресрет на дуелот со Шведска. Службените резултати пристигнаа многу доцна, а тие покажаа дека Домагој Вида е позитивен на корона-вирусот“, стои во соопштението на Хрватската фудбалска федерација (ХНС).
Кога било потврдено дека Вида е позитивен, веднаш, по сите процедури, репрезентативецот на Хрватска бил пратен во изолација.