(Видео) Барса се спаси од пораз против Гранада, прашање е дали Куман се спаси од отказ?

Барселона се спаси од пораз против Гранада со гол во финишот на мечот, но и нерешениот резултат од 1:1 веројатно ќе значи отказ за Роналд Куман.

Роналд Араухо го постигнат голот за спас од пораз на Барса во 90-тата минута, што, сепак, речиси сигурно нема да го спаси Куман.

Раководството на Барселона му постави ултиматум на Куман да се победат Гранада, Кадис и Леванте за да остане на клупата на шпанскиот гигант.

Домингос Дуарте беше прецизен во втората минута за гостите, а Гранада втор меч по ред си заминува непоразена од „Камп ноу“.

Во натпревар од ланското првенство со пресврт и два гола во второто полувреме ја победија Барселона со 2.1. Тогаш исклучен беше Куман, кој сега според ултиматумот на раководството на гигантот, треба да си замине.

Гранада по експресниот гол, одлично се бранеше сè до финишот и до израмнувачкиот гол на Араухо. Имаше интересна ситуација во последните десеттина минути, кога Жарарт Пике, кој е стопер на Барса, играше како шпиц.

Интересен обид имаше Мемфис Депај да погоди со ножички, но ја промаши топката, а во финишот на мечот, истиот играч се обиде да изнуди пенал за Барселона, но и тој потег му беше неуспешен.

Koeman reaction to Depay Bicycle kick attempt [Barcelona 0-1 Granada] from soccer

 

 

- Оглас -

Најнови вести