(Видео) Фудбалски час на мајсторот – Љајиќ стигна до петка со три асистенции и два гола

Адем Љајиќ држеше фудбалски час во Ризе и успеа да стигне до неверојатен подвиг со два постигнати гола и три асистенции. Учинок што ретко се гледа во топ 10 европските лиги, а патем Љајиќ постигна два велемајсторски погодоци, еден од игра и еден од слободен удар.

https://streamable.com/yl38e

Српскиот репрезентативец ја почна блескавата претстава со асистенција за Домагој Вида во осмата минута, па потоа одлучи и да погодува, па во 14-тата минута зголеми на 2-0 за гостите од Истанбул.

Во 72-рата минута му асистираше на трикратниот стрелец Гувен Јалчин, потоа пак даде гол, и тоа прекрасен од слободен удар и за крај супер настапот го филуваше со уште едно прецизно додавање до Јалчин за 6-2 во 82-рата минута.

Ова е убедливо најефикасниот меч на Бешикташ сезонава во турското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести