(Видео) Холандски нокаут во прва рунда – Ајакс го декласира Феенорд во големото дерби

Ајакс си поигра со големиот ривал Феенорд и со четири гола во првото полувреме славеше со 4:0 во вечното дерби на Холандија.

Почетокот беше блескав за копјаниците и најава за дебакл на Феенорд, а голеадата ја почнаа Зијех и Талјиафико со по еден погодок во стартните 7 минути.

И финишот на првиот дел беше одличен за домашниот тим, а Нерес и Ван Де Бек погодија во 37. и во 40. минута.

Во продолжението темпото на игра падна, па немаше ниту еден погодок, а Ајакс остана единствениот непоразен тим во Холандија по 11 кола. Шампионот е лидер со 29 бода, а Феенорд е неочекувано на 12. позиција со 14 бода.

- Оглас -

Најнови вести