(Видео) Лацио урна тридецениски мит со победа на „Сан Сиро“

Хоакин Кореа со победнички гол во 83-тата минута конечно, по три децении пост, успеа да го освои „Сан Сиро“ и да го победи Милан на гостински терен.

https://www.youtube.com/watch?v=msbTjBNpZAs

Младиот Аргентинец беше прецизен за триумф од 2:1, откако претходно Чиро Имобиле го постигна стотиот гол за Лацио, а Милан израмни со голот на Пјонтек.

https://twitter.com/BlancLaurent13/status/1191087170985111553?s=20

Пред овој меч и неверојатната серија од 18 победи и 11 нерешени дуели во Милано, Лацио победи во 1989 година како гостин со 1:0, со автоголот на Паоло Малдини.

https://twitter.com/amicus_arcane/status/1191087786327101443?s=20

Оттогаш траеше неверојатната серија на Росонерите, една од најдолгите во Калчото.

 

- Оглас -

Најнови вести