Вие „направивте“ тикет со квота 125, уплатете за да не ви биде криво ако излезе добитен

Во шестото коло на Спортска прогноза  типуваа 1.085 прогнозери, а според тоа како мнозинството од нив ги прогнозирале денешните мечеви од понудата, Полска ќе ја победи Македонија, а Волендам ќе слави против Ден Бош. Мечот од холандската лига се игра од 12.15 часот, па тоа е рокот до кој можете да уплатите тикет со квота 125,37.

Овој тикет го „направивте“ вие, поточно најголем дел од учесниците на спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life. Бројката од над 1.000 прогнозери е одлична за коло во кое наместо за клупски, се прогнозираат мечеви од репрезентациите кои традиционално послабо се погодуваат. Но, понудата не е само од мечеви на националните тимови, а има доста прогнозери кои колото го почнаа до три погодоци од првите три меча играни вчера.

Дури 80,8 отсто веруваат дека Волендам ќе победи, а единицата во Sport Life е со коефициент 1,77. Квоти од 3.05 има за тие што ќе типуваат на нерешен исход на дуелите Нумансија – Сарагоса и Словенија – Австрија. Повеќе од половина играчи на Спортска прогноза типуваа икс на шпанскиот второлигашки дуел, а речиси половина мислат дека Словенците и Австријците ќе ремизираат.

Хрватска ќе го победи Велс, барем така мислат 65 проценти од прогнозерите. Двојката на Хрватска е со квота 2,45. Точно 69,8 отсто од прогнозерите сметаат дека Полска ја добива Македонија, коефициентот е 1,40. За победа на нашите фудбалери типувале само 7,3 проценти од учесниците во шестото коло.

За крај на неделната понуда, останува да уплатите дека Интернасионал ќе го надигра Сантос во бразилското дерби. Во кец веруваат 46,6 проценти од оние над 1.000 прогнозери.

Секогаш вреди да се проба тикет составен од мислење на речиси 1.100 луѓе. Овој тикет носи вкупен коефициент од 125,3, што значи дека со 100 вложени денари, ако се одиграа најчесто типуваните знаци на овие средби и погодите, може да заработите одлични 12.530 денари.

- Оглас -

Најнови вести