Виеира: Чудно е како сите одлики од ВАР се во корист на големите екипи

Кристал Палас загуби од Ливерпул со 3:1 но, и на овој натпревар судиите од ВАР собата, како и главниот делител на правдата имаа свое шоу.

Проблематична беше одлуката да се признае голот на Окслеј Чемберлејн во 32-та минута откако Роберто Фирмињо, кој беше во офсајд покажа интенција да игра со нејзе, пред таа да дојде до стрелецот на голот, што влијаеше врз поставувањето на дефанзивците и голманот.

Уште пополемична беше одлуката да се досуди пенал за гостите во 89-та минута кој го реализираше Фабињо.

„Судиите ни ги ‘искршија’ нозете, а константно им објаснуваме дека таков вид на контакт не е пенал кога сме на состаноците.

Едноставно премногу грешни одлуки судат на малите екипи кога ќе се спротиват против великаните, тоа не е добро и се губи фер плејот.

Правдата за сите треба да биде иста“ изјави некогашната голема фудбалска ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести