Остануваат уште само малку повеќе од 24 часа до затворањето на типувањето за последното коло од седмата сезона на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Првиот меч започнува во сабота, во 15:30 часот, а тоа значи дека тогаш и ќе биде затворено типувањето. Сепак, иако има уште време за типување, играчите на Спортската прогноза веќе ги имаат своите фаворити.
Она што е интересно, играчите веруваат во победа само на една гостинска екипа од понудените 13 меча. Во победа на Нотингам форест на гостувањето кај Вест хем веруваар 57% од играчите, а на еден меч се очекува нерешен резултат. Тоа е дуелот на Валенсија и Атлетик Билбао, каде што 47% од типувачите очекуваат реми.
На сите останати натпревари се очекуваат победи на домашните екипи.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.