Коментаторот на Евроспорт, и легенда на светскиот тенис, Швеѓанецот Матс Виландер, како ретко кога, застана на страна на Новак Ѓоковиќ.
Дури и Виландер кој многу повеќе го критикува отколку што го фали Новак, смета дека не е добар третманот кон невакцинираниот Србин, и дека го попречуваат да стане тенисер со најмногу освоени грен-слем титули.
„Целата оваа сага околу Надал, Ѓоковиќ и Федерер во трката за најдобар на сите времиња, после ова што му се случува на Новак, станува неважна, бидејќи не му дозволуваат да игра. Во иднина ќе се зборува за ера со тројцата најдобри на сите времиња кои играле во исто време. По тоа ќе ги паметиме“ – изјави Виландер.
Ѓоковиќ нема да игра на претстојниот САД опен затоа што не е вакциниран против Ковид-19, па засега ќе остане на 21 грен-слем титула, една помалку од Надал.