Вилјареал го покани Реал Сосиедад заедно да играат во Европа Лигата (Видео)

Реал Сосиедад направи голем исчекор кон настап во Европа со победа вечерва од 2:1 против Вилјареал на гостински терен.

Гостите беа подобри во второто полувреме и со головите на Жозе Вилијан и на Диего Љоренте ја потопија Жолтата подморница.

Бразилецот го постигна десеттиот гол сезонава, а беше прецизен во 61-вата минута за најава на победата на гостите.

https://twitter.com/Odegaardzsn/status/1282750159529664512?s=20

Реал Сосиедад продолжи да игра добар фудбал што го круниса со втор гол во 75-тата минута. Капитенот Ојарзабал ја запиша 11-тата асистенција сезонава, а стрелец на прв погодок сезонава е Диего Љоренте.

https://twitter.com/LaligaPL007/status/1282753303609253888?s=20

Во финишот на мечот ветеранот Санти Касорла постигна почесен гол за пораз на Вилјареал од 1:2. Жолтата подморница остана на петтото место со 57 бода на две кола до крај, а Реал Сосиедад е седми со 54 бода.

Во ист термин се играше и мечот меѓу Алавес и Хетафе и заврши без голови.

 

- Оглас -

Најнови вести