Вилјареал за 11 милиони пазари двајца Лилјаци

Кризата со корона-вирусот ја натера Валенсија да стави на продажба неколку клучни играчи, меѓу кои се најде и капитенот Дани Парехо. Шпанецот во пакет заедно со Францис Кокелан се селат во редовите на Вилјареал само за 11 милиони евра, од кои три милиони евра ќе се доделат според одредени бонуси.

На двајцата играчи за врска им престои да ги поминат медицинските прегледи пред да стават потпис на договорите, по што Вилјареал ќе добие две значителни засилувања за новата сезона во која ќе играат и во Лигата на Европа.

Парехо по речиси една деценија и повеќе од 380 настапи ја напушта „Месталја“, додека Кокелан во изминативе две сезони успеа да одигра 89 меча за Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести