Вимблдон ќе биде одложен, неизвесно е дали ќе се игра во 2020

Третиот гренд-слем турнир во сезоната, Вимблдон речиси сигурно ќе биде пролонгиран поради Коронавирусот, а постои опасност и воопшто да не се одигра.

Одлуката ќе биде донесена идната недела, а проблем за неофицијалното светско тениско првенство, како што си го нарекуваат Британците, се термините и подлогата.

Опцијата да се игра без публика е отфрлена и таа варијанта е неостварлива, но сега терминот е проблем. Требаше да се игра од 29 јуни до 12. јули, а слободен термин има три седмици подоцна, за кога беше закажан олимпискиот турнир, што е многу проблематично.

За неполн месец тешко ќе се организира турнир со голема дневна френкфенција на луѓе и публика, а ако се остави за да се игра подоцна, тогаш проблем е подлогата. Стандардно терените во „Ол-Ингланд“ клубот, каде што се одржува турнирот, се со тревната подлога, па и тоа е големо ограничување ако се планира турнирот да се одложи по летото.

Францускиот гренд-слем, Ролан Гарос, веќе е поместен за септември и октомври, пред него ќе се игра Отвореното првенство на САД , па неизвесно е како ќе се вклопи во целата шема Вимблдон.

 

- Оглас -

Најнови вести