Од Вимблдон ја предвидоа пандемијата, добиваат отштета од 114 милиони евра!

Неофицијалното тениско светско првенство, како што го нарекуваат Гренд слем турнирот Вимблдон, нема да се игра оваа година, и тоа е првпат по Втората светска војна да нема тенис на тревните терени на „Ол Ингланд клубот“ во Лондон. Но, финансиската загуба нема да биде толку трагична за организаторите бидејќи ќе добијат 114 милиони евра.

Имено, во 2003 година, кога се појави вирусот САРС, „Ол Ингланд клубот“ во своето осигурување вклучил и член дека во случај на пандемија и неодигрување на турнирот, ќе добијат финансиски надомест. Вимблдон е еден од 34-те турнири во светот кои се одложија или откажаа, но единствен е што ќе добие пари, и тоа од осигурителна компанија, благодарение на пандемијата. Загубите на „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД ако не се одиграат, се проценуваат на 250 милиони.

Од Вимблдон, секоја година уплаќале 1,7 милиони евра за осигурување од пандемија, па сега дојде време за наплата.

- Оглас -

Најнови вести