Мечот помеѓу Бразил и Уругвај се одигра на денот кој го слават Бразилците со африкански корени, а Фудбалскиот сојуз на оваа земја им овозможи на своите репрезентативци да направат ДНК-тестирања со цел да дознаат од каде им се предците.
Токму на овој меч Винисиус доби сертификат со резултатите, според кои неговите предци се од Камерун, и тоа од народот Тикар.
„Иако не знаев, сепак среќен сум кога го гледам ова“, рече Винисиус.
Vinícius Júnior a découvert, via un test ADN, que ses ancêtres sont originaires de la tribu Tikar au Cameroun. 🇧🇷🇨🇲
Le joueur a reçu un certificat cette nuit confirmant ses origines.
📸 @CBF_Futebol pic.twitter.com/Uu6kdVVOv0
— Actu Foot (@ActuFoot_) November 20, 2024
„Важно е да се знае од каде потекнувате. Всушност Бразилците не знаат од каде им се предците“, додава таткото на Винисиус.
Бразилецот веќе подолг период е во центарот на вниманието во Шпанија поради расистичките испади кон него.