Бразилскиот репрезентативец Винисиус жуниор во дресот на Реал Мадрид ја игра најдобрата сезона во досегашната кариера, иако често е цел и на противничките навивачи, кои со расистички навреди се обидуваат да го исфрлат од ритам.
Винисиус е полн со самодоверба и е еден од најзаслужните за одличните резултати на Реал Мадрид. Кралевите се наоѓаат пред освојување на титулата во Ла Лига, а во четвртфиналето во ЛШ ќе играат против Манчестер сити. Тој на медиумите им откри зошто ривалите не можат да го запрат, според него, доволно е да ја промени позицијата на теренот.
„Се обидувам да ѝ помогнам на екипата колку што можам. Ја менувам својата игра. Незапирлив сум затоа што кога не играм добро на крилната позиција, тогаш ќе преминам во средина и противниците не знаат како да се бранат од мене“, вели Винисиус жуниор.