Доаѓањето на Алваро Арбелоа на клупата на Реал Мадрид донесе една новост во екипата која не беше видена повеќе од три години. Актуелниот тренер смета дека Винисиус јуниор е незаменлив на теренот, а Бразилецот може да биде среќен бидејќи го добива тоа што го бараше, да игра многу повеќе и да не биде заменет на секој натпревар.
Арбелоа го предводи Реал на шест натпревари и секојпат од првата до последната минута на теренот е Винисиус јуниор. Интересно е дека Бразилецот не споил шест меча да ги одигра од прва до последна минута дури три години.
Последен пат шест меча по ред без да биде заменет Винисиус одиграл во времето на карло Анчелоти, пред три години. Оваа доверба која ја добива од Арбелоа и фактот дека ѝ е потребен на екипата може да биде само чекор напред во намерата Бразилецот да го продолжи договорот со Кралскиот клуб.
Челниците на Реал веќе неколку месеци му имаат предложено продолжување на соработката, но Винисиус беше посебно лут кога во времето на тренерот Чаби Алонсо речиси редовно беше првата опција да биде заменет. Сега, со Арбелоа на чело на клупата, таа пракса голгетерот да биде заменет ја нема.
Сепак, на следниот меч на Реал, и тоа на гости против Валенсија, Винисиус нема да биде во составот поради суспензија поради акумулирани жолти картони.

