Вирџил е сигурен во титулата на Ливерпул, ама ќе жали ако ја слават без навивачите

Вирџил ван Дајк се надева на финиш на натпреварите во Премиер лигата во нормални услови, со публика, и посакува првата шампионска круна на Ливерпул по пауза од речиси три децении да ја прослави со навивачите.

Копот на „Енфилд роуд“ е еден од најпознатите во светот на фудбалот, но може да биде празен ако Коронавирусот продолжи да прави хаос.

Англиското првенство е прекинато во моменти кога Ливерпул има неверојатни 25 бода предност пред актуелниот шампион Манчестер сити и речиси сигурно е нов шампион.

„Ќе ми биде многу тешко ако треба да ја славиме шампионската круна сами без поддршка од навивачите на „Енфилд роуд“. За мене во таков случај шампионската круна би имала и горчлив вкус. Се надевам дека Коронавирусот брзо ќе исчезне и дека сè ќе продолжи по нормален тек“, изјави Вирџил за холандските медиуми.

Ливерпул има уште 9 меча до крајот на првенството и му требаат уште две победи за и теоретски да ја обезбеди првата титула откако во Англија се игра Премиер лигата во овој формат и со тоа име.

Одлуката што ќе се случува понатаму со најквалитетната лига во Велика Британија, ќе биде донесена во среда, на состанок на ФА.

- Оглас -

Најнови вести