Кошмарот со новиот вид вирус наречен „камила“ продолжи да ги вознемирува француските репрезентативци со нови два случаи.
Таман во редовите се вратија Рабио и Упамекано, кои набрзина го прележаа вирусот, тој се прошири во францускиот камп и ги начна двајцата стопери Рафаел Варан и Ибрахима Конате само на два дена до мундијалското финале со Аргентина.
Варан и Конате како тандем одиграа беспрекорно во полуфиналето против Мароко, меч што Франција го доби со 2:0.
Француските медиуми објавија дека со вирусот подобро минува Варан, кој има полесни симптоми, а Конате воопшто не ја напуштил собата денеска.
Вирус има и Кингсли Коман од пред два дена, но се очекува и тој брзо да биде фит и да биде во комбинација за мечот за титулата во недела од 16 часот.