Вистински предизвик е да се погоди кој ќе победи на Ф1 трката во Баку

Ако се суди според слободните тренинзи и официјалните квалификации, денешната трка од Формула 1 шампионатот низ улиците на Баку може да донесе големи возбудувања, пресврти и неизвесност околу победникот, како ретко кога сезонава.

На пол-позиција е Шарл Леклер, кој со болидот на Ферари имаше најбрз круг пред да се прекине битката за што подобри стартни позиции. Имаше многу судири во заштитните огради, некои кривини се навистина тесни, но има и места за претекнување каде се развиваат огромни брзини. Сепак, квотата за победа на Леклер е поголема отколку за Луис Хамилтон или Макс Ферстапен кои се борат за титулата.

Хамилтон не беше спомнуван како главен фаворит, но вчера имаше второ најдобро време и ќе тргне од првиот ред, а Ферстапен е трети, па ќе треба да се помачи за да дојде до победа. На стартот, првите четири болиди ќе бидат од четири различни тимови, и тоа ја зголемува возбудата. Тактиката на Мерцедес, Ред Бул, па и Ферари, ќе бидат ставени на тест, а овојпат многу работи зависат и од пилотите на кои просторот за грешка им е максимално стеснет.

- Оглас -

Најнови вести