Владата им одреди кој ќе биде селектор, Федерацијата обвинува за мешање во нејзините работи

Фудбалската федерација на Камерун ја осуди едностраната одлука на Владата на оваа земја да го именува Марк Брус за нов селектор на фудбалската репрезентација.

Имено, Министерството за спорт на Камерун донесе одлука за именување на 61-годишниот Белгиец за наследник на Ригоберт Сонг, кому му истече договорот.

„Фудбалската федерација во исто време дозна кога и целата камерунска нација за именувањето на новиот селектор“ објави Федерацијата.

Според Фудбалската федерација, оваа одлука е спротивна на декретот на претседателот на Камерун, кој прецизира дека раководењето со репрезентациите е во надлежност на Федерацијата.

Останува да се види дали за овој случај ќе интервенира Светската фудбалска федерација (ФИФА), според чиј статут најстрого е забрането мешање на политиката во работењето на фудбалските федерации.

- Оглас -

Најнови вести