Селекцијата на Габон е елиминирана уште во групната фаза на Африканскиот куп на нации. Габон загуби во сите три натпревари, а посебно разочара во последното трето коло, кога водеше со 2:0 против Брегот на Слоновата година, но на крајот прими три гола и загуби, па групата ја заврши на дното без ниту еден освоен бод.
Покрај трите порази на фудбалскиот терен, репрезентацијата доби уште едно големо понижување, откако Владата на Габон донесе одлука да го суспендира националниот тим.
„Распуштање на струшниот штаб и суспензија на националната репрезентација. Одлука е и исклучување на Бруно Манге и Пјер Емерик Обамејанг“, извести министерот за спорт на Габон, Симплис-Дезире Мамбула.
Околу овој фудбалски дебакл на Габон со реакција се јави и претседателот на земјата Брис Клотар Олиги Енгуеме кој истакна дека „дел од националниот идентитет е ослабен“, како и тоа дека „постојат два големи проблеми кои во реалноста, тие одразуваат постојани структурни недостатоци: недостаток на методи и трошење ресурси“.

