15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Владата во Германија контра таа во Италија

Италијанските љубители на фудбалот беа шокирани откако министерот за спорт, Виченцо Спафадора, изјави дека Серија А е многу блиску до француското сценарио, односно првенството да биде стопирано. Спафадора изјави дека клубовите во Италија веќе треба да започнат да се подготвуваат за наредната сезона. 

За разлика од Владата во Италија, министрите во Германија имаат друг план. Во Германија на големо се размислува за тоа како ќе продолжат возбудувањата во Бундеслигата. Луѓето во Владата даде „зелено светло“ за да продолжи фудбалот, а тоа и официјално утре треба да го потврди канцеларката Ангела Меркел.

Министрите добиле уверување од фудбалските власти дека се преземени сите неопходни мерки за безбедно доигрување на првенството. Во Германија се очекува на 9 мај да започнат нормалните тренинзи на клубовите, а на 16 мај конечно да продолжат и натпреварите од домашното првенство.

Конечната одлука за иднината на прекинатата сезона во Бундеслигата ќе се знае утре, а се очекува Меркел само да потврди дека ќе има нови натпревари од прекинатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести