Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека неговиот помлад брат Владимир ја напуштил Украина и заминал на состаноци во Германија.
Поранешниот светски првак во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко, ја бранеше Украина еден месец како дел од територијалната одбрана на Киев. Но, се најде во делегација од високи официјални лица и со нив замина во Германија.
„Пријатели, денеска е важно да ги обединиме сите сили, да ја консолидираме позицијата на Украина и да правиме чекори заедно со нашите партнерски држави. Владимир замина со делегација на состаноци во Германија. Ни треба економска, хуманитарна и воена помош“, објави Виталиј.