Влаховиќ е спасителот: Јувентус го победи Сасуоло откако го промаши незамисливото (Видео)

Јувентус се пласира во рамките на полуфиналето на Копа Италија откако го победи Сасуоло со 2:1.

Домаќините до победата дојдоа во самата завршница со голот на Душан Влаховиќ во 89-тата минута, но пред тој гол, Јуве успеа да промаши дури три шанси во еден напад, и тоа во 73-тата минута.

Вестон Мекени најпрвин биеше со глава, топката ја одби голманот Џанлука Пеголо, а потоа таа дојде до Матајс де Лихт, кој од еден метар успеа да ја погоди стативата и топката повторно дојде до Мекени, кој упати нов удар, но го погоди Бонучи во грб на самата гол-линија.

Претходно, стрелец за Јувентус беше Паоло Дибала во третата минута, додека израмнувањето го донесе Жереми Бога во 24-тата минута.

Во наредната, полуфинална фаза, Старата дама ќе игра двомеч против Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести