Влаховиќ со еврогол го шокира Интер во последен момент

Интер не успеа да победи во Фиренца, а фаворитот ги загуби бодовите во судиското продолжение, кога прими гол за израмнување на 1:1.

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ со еврогол ги шокира гостите, кои веќе ги прокнижија бодовите.

Претходно уште еден играч што настапуваше за Фиорентина постигна гол, но за Интер, и тоа водечки. Борха Валеро погоди за Интер против својот претходен клуб, а гостите од Милано водеа од осмата минута.

Клучниот момент се случи во втората минута од судиското продолжение, а Интер прокоцка шанса повторно да му побегне на Јувентус на врвот на табелата.

Сега двете екипи се израмнети со по 39 бодови. Фиорентина остана без триумф и на шестиот меч по ред во Серија А, но домаќините можат да бидат задоволни што избегнаа пораз и сега имаат 17 бода на 13-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести