Влатко Стојановски единствен дебитант во македонската репрезентација против Израел и Летонија

Влатко Стојановски доби покана од селекторот Игор Ангеловски и ќе биде единствениот дебитант на списокот од 23-ца фудбалери на македонската фудбалска репрезентација за мечевите со Израел на петти септември и со Летонија 4 дена подоцна во квалификациите за ЕП 2020 година.

Во репрезентацијата се враќа Љупче Дориев, а и Иван Тричковски и Стефан Спировски се во комбинација, откако поради повреда ги пропуштија двата претходни дуели во Скопје против Полска и Австрија.

На списокот со 23-ца играчи кои ќе патуваат за Бер Шева, па потоа и за Рига, поради повреди ги нема стандардните Стефан Ристовски и Ферхан Хасани.

Еве го комплетниот список на селекторот Игор Ангеловски:

Голмани – Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски.

Одбрана – Дарко Велковски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Езџан Алиоски.

Среден ред: Бобан Николов, Стефан Спировски, Енис Барди, Аријан Адеми, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Марјан Радески.

Напад: Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Кире Маркоски, Крсте Велкоски и Влатко Стојановски.

- Оглас -

Најнови вести