Во 2019 може да се состави феноменален тим, и тоа гратис

Во летото 2019 година, многу квалитетни фудбалери ќе бидат без договор, и уште од јануари може да почнат преговори со цел да си најдат нов клуб или да ја продолжат соработката со актуелниот. Од играчите кои ќе бидат слободни, може да се состави квалитетен тим.

Тимот би изгледал вака: Џанлуиџи Буфон на голот, Дани Алвеш, Диего Годин, Давид Луиз и Филипе Луис во одбраната, Адриен Рабио, Сеск Фабрегас и Андер Ерера во средниот ред, а Арјен Робен, Оливие Жиру и Франк Рибери во нападот.

Не се лоши ниту останатите слободни играчи, кои би биле резерви во овој замислен супер-тим. Тоа се Петр Чех, Хуанфран, Венсан Компани, Санти Касорла, Арон Рамзи, Даниеле Де Роси, Хуан Мата, Даниел Стариџ, Марио Балотели, и Ариц Адуриз.

Сега им останува на клубовите да ги развијат преговарачките техники и гратис да добијат некој од овие фудбалери кои би биле засилување за речиси сите екипи, во зависност од тоа на која позиција им фали играч.

- Оглас -

Најнови вести