Во Африка домашниот терен е голема предност

Камерун – Зелено’ртски Острови (фудбал, квалификации за Африканскиот куп на нациите, 17.00 часот)

Камерун на стартот на квалификациите за Африканското првенство не би смеел да ги испушти трите бода. Домашните се големи фаворити, но Камерунците знаеја и непријатно да ги разочараат своите навивачи, па во најава ова може да биде интересен меч и потенцијална „мина“ за прогнозерите кои се сигурни во победа на Камерун. Традицијата е на страната на Камерун и би требало да триумфира.

Предлог тип: 1-1 (2.28)

 

Сенегал – Конго (фудбал, квалификации за Африканскиот куп на нациите, 20.00 часот)

Конго на пет меѓусебни дуели против Сенегал има дадено само еден гол, и тоа во далечната 1968 година. Последен пат се сретнаа на пријателски меч во 2017 година, а Сенегалците славеа со 2-0. Сенегал е во серија од шест победи по ред, последниот пораз дома им беше пред две години. Конго на некое друго место ќе треба да бара бодови.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.78)

 

Тофаш – Партизан (кошарка, Еврокуп, 18.00 часот)

По поразот од Венеција во минатото коло, Партизан ќе сака да ја исправи грешката и со победа во Бурса да се пласира во следната фаза од Еврокупот. За „црно-белите“ ова ќе биде генерална проба пред дербито со Ѕвезда, па сигурно ќе се обидат да победат и во позитивно расположение да го дочекаат мечот со градскиот ривал. Тофаш ги доби двата меча дома во Евркупот, а Партизан ги доби двете гостувања.

Предлог тип: <160.50 (1.62)

 

Венеција – Локомотив Кубан (кошарка, Еврокуп, 19.45 часот)

Рускиот тим е во тешка ситуација, ретко кој очекуваше дека во седмото коло ќе играат меч кој им е да се биде или не. Локо има 2-4 и ќе мора да се помачи ако сака да се пласира во следната фаза. Венеција е опасен тим, но веќе еднаш загуби на свој терен. Локомотив мора да победи, тимот има квалитет и би требало да даде максимум, па тука ќе прогнозираме нивна победа, иако нема да биде лесно.

Предлог тип: 2 (2.10)

 

Стефанос Циципас – Александр Зверев (Тенис, Мастерс Лондон, 21.00 часот)

Вечерашниот меч на завршниот Мастерс нема да донесе толку голем притисок врз играчите бидејќи и со пораз, двајцата остануваат со шанси за пласман во полуфиналето и ќе треба во третото коло да го потврдат второто место во групата. Блага предност му се дава на Гркот, особено што тој ги доби последните три дуели против Германецот во руско потекло.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Надал – Медведев Има тај-брејк (2.20)

Тофаш – Партизан Т2 >76.50 (2.00)

Циципас – Зверев СС (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести