Во Америка сепак ќе се игра меч од шпанското првенство

Челниците на Примера дивисион веќе подолго време се обидуваат уште повеќе да го прошират интересот за фудбалот во Шпанија и надвор од земјата. Веќе со месеци се работи на идејата еден натпревар од домашното првенство да се одигра надвор од границите на Шпанија.

Мадридскиот весник „Ас“ пишува дека идејата сега е блиску до реализација, а историскиот дуел треба да биде меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид. Се работи за меч од 16-тото коло во Примера, кој треба да се одигра на 8 декември, а домаќин е Жолтата подморница.

Мечот треба да се игра на „Хард Рок стадионот“ во Мајами. За да може фановите на двата тима да го гледаат во живо и овој меч, се планира и оранизирано одење со чартер-летови.

Минатата сезона се планираше дуелот меѓу Барселона и Жирона да се игра надвор од Шпанија, но тогаш жестоко се спротивставија челниците на Фудбалската федерација на Шпанија, како и Здружението на фудбалерите, кое смета дека тоа би било малтретирање за играчите.

Сепак, сега сè поверојатна станува реализацијата на идејата да се игра меч од шпанското првенство во САД.

 

- Оглас -

Најнови вести