Во Англија, Италија и Франција играат второлигаши кои сакаат да бидат дел од елитните друштва

1006 Саутемптон – Ливерпул (20:45 ч.)

Ливерпул едноставно мора да победи за да ја задржи неизвесноста до последното коло во трката за титулата во Премиер лигата. Тимот на Јирген Клоп моментално има четири бода помалку од Манчестер сити и со победа над Саутемптон, разликата ќе биде само еден бод и последното коло ќе решава.

Во последните девет меѓусебни меча, Ливерпул има осум победи над Саутемптон, а и вечерва гостите се големи фаворити за триумф, иако најверојатно ќе играат без Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Предлог тип: 2&3+ (1.76)

 

1711 Париз – Сошо (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои бараат пласман во Лига 1 во Франција и ова е дуел од баражот. Париз заврши со 70 бодови на четвртото место, а Сошо имаше два помалку и беше петопласиран. Во првенството, Париз дома славеше над Сошо со 3:1, но Сошо пред своите фанови победи со 2:0.

Домаќините ќе бидат во улога на фаворит, но сепак не треба да се отпише и Сошо во меч по кој нема поправен. Подобриот од овој меч ќе игра против Оксер во полуфиналето за влез во Лига 1.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2II (2.90)

 

5701 Замалек – Ел Гаиш (21 ч.)

Замалек е лидер во египетското првенство со 41 бодови од 18 кола, додека гостите се дури деветти со 23 бодови. Ел Гаиш има дури 11 меча без пораз (пет победи и шест нерешени).

Дури 21 од последните 23 меча на Ел Гаиш завршиле со 0-2 гола, а многу често било и мечевите да немаат повеќе од еден погодок, па и покрај тоа што Замалек е фаворит, гостите со цврста игра може да ја продолжат низата без пораз.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.63)

 

1012 Нотингем – Шефилд јунајтед (20:45 ч.)

Ова е реванш дуел во полуфиналето од плејофот за пласман во Премиер лигата. Нотинхем на гости победи со 2:1 и сега пред своите навивачи треба да обезбеди место во финалето од плејофот за пласман во елитното друштво.

Последните четири меча на овие два тима завршиле со 2-3 погодоци, па реално е сега да се очекуваат голови.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

 

3011 Беневенто – Пиза (20:30 ч.)

Дуел од плејофот за влез во Серија А. Беневенто игра дома, но Пиза знае да биде многу опасна, затоа што тоа е екипа која за само два бода не обезбеди директен пласман во елитното италијанско друштво.

Пред само еден месец, Беневенто на свој терен убедливо со 5:1 славеше над Пиза и сигурно домаќините ќе мечтаат да се повтори тој резултат и вечерва.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.69)

- Оглас -

Најнови вести