Во Англија потврдено реалното „црно“ сценарио: Навивачи може да нема во следните 12 месеци

Во англиската Премиер лига ги следат реакциите од продолжувањето на германската Бундеслига и се преземаат совети за тоа како да се организира еден меч во пандемија на корона-вирус. Англичаните се надеваат дека кон средината на следниот месец ќе може да го рестартираат шампионатот во кој Ливерпул треба само формално да биде промовиран во нов првак.

Тоа што не е добро, дури и да продолжи првенството, е дека навивачи на трибините ќе нема уште долго време. Според медицинскиот советник во Премиер лигата, Марк Џилет, мерките за претпазливост од корона вирусот ќе продолжат најмалку во следните шест до 12 месеци.

„Имав среќа да присуствувам на состанок на најголемите здравствени стручњаци. Тие јасно потенцираа дека здравствената ситуација нема да се промени во следните шест до 12 месеци. Гледаме да направиме исти културолошки промени во фудбалот и важно е луѓето да сфатат зошто го правиме тоа“, вели Џилет.

На синоќешниот состанок клубовите едногласно одлучија дека од денеска треба да започне враќање на тренинзите на фудбалери во помали групи. Во овие неколку дена ќе се врши тестирање на сите фудбалери во Премиер лигата дали се позитивни на корона-вирусот.

Ливерпул е клубот кој најмногу чека сезоната да продолжи затоа што гигантот од „Енфилд роуд“ е на чекор од освојување на титулата која ја чека точно 30 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести