Во Арсенал секој прави што сака – Обамејанг си заминал во Габон, ќе го пропушти и дербито со Манчестер јунајтед

Арсенал повторно има маки со дисциплината со играчите, а тоа трае подолг период од инцидентот со Колашинац и Озил, кои беа нападнати од непознати хулигани, па со чудните испади на Џака и на Пепе, повторно со неиграњето на Озил, а сега на ред дојде и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

Тој ја напуштил Англија пред неколку дена и заминал за родната земја Габон, па нема да настапи ниту на дербито со Манчестер јунајтед викендов што следи.

Менаџерот на Топчиите потврди дека Обамејанг ја напуштил Англија, а се претпоставува дека причината е болеста на неговата мајка.

Проблем за Арсенал е што и по враќањето, капитенот нема да може веднаш да игра бидејќи ќе мора да биде одреден период во карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести