Во Атлетик Билбао гневни на судиите: „Имаше играње со рака пред пеналот!“

Атлетик Билбао доживеа вистински дебакл и загуби со 0-3 од Манчестер јунајтед на првиот меч од полуфиналето од Лигата на Европа. Се чини дека клучниот момент на мечот се случи во 35-тата минута, кога Вивиан доби црвен картон, а Бруно Фернандеш погоди од пенал за 0-2.

Во Баскија не можат да се помират со поразот и сметаат дека се оштетени од судиите, кои не го санкционираа играњето со рака на Гарначо пред пеналот.

„Постојан ситуации кои предизвикуваат сомнеж. Гарначо играше со рака пред пеналот и смешно е што откако го досудија тој пенал, во второто полувреме не досудија чист фаул над Мароан од истата причина, иако тој беше надвор од шеснаесетникот.“ – вели фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс.

Слично размислува и тренерот на баскиците, Ернесто Валверде.

„Пеналот и црвениот картон многу влијаеја на играта, иако игравме и доминиравме. Протестиравме за играњето со рака на Гарначо пред пеналот, за кое мислевме дека е очигледно. За нас пеналот беше уште поголема казна, бидејќи останавме да играме со десет фудбалери.“ – вели тренерот на Атлетик.

- Оглас -

Најнови вести