Во Австрија фаворитите се одапред познати, во Словачка има екипа што не знае за меч со помалку од три гола (Фото)

1655 – Бриж – Мехелен (20:45)

Екипите на Бриж и Мехелен ја имаат честа да го одиграат првиот натпревар од новата сезона на белгиската Јупитер лига. Домашните во мечот влегуваат како големи фаворити за победата, а на последните пет натпревари немаат пораз од Мехелен. На последните два натпревари на Бриж пред првенството, пријателскиот против Норич, како и Супер купот против Унион, беа постигнувани по точно три гола.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II  (2.10)

 

2851 – Виенер Викторија – Леобен (18:00)

Екипите на Виенер Викторија и Леобен никогаш во историјата немаат одиграно меѓусебен дуел, но јасно е дека второлигашот влегува како голем фаворит против членот на Регионалната лига – исток. На последниот пријателски натпревар, Леобен победи со убедливи 6-0 против аматерите на Капфенберг, а по најмалку два гола постигнуваше и на претходните два меча.

Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3II (1.89)

 

2855 – Треибах – Капфенберг (18:30)

Ниту екипите на Треибах и Капфенберг немаат одиграно меѓусебен дуел во историјата, но и тука гостинската екипа е голем фаворит. Второглигашот Капфенберг се очекува да оствари убедлива победа над четвртолигашот Треибах. Гостите на последниот пријателски натпревар пред Куп натпреварот победија со 3-0 над Фаворитнер, додека Треибах неодамна доживеа вистински дебакл и загуби со 10-0 од Аустриа Клагенфурт.

Предлог тип: 2 & Т2 3+ (2.01)

 

3171 – Нафта – Радомље (20:15)

Голови во двете полувремиња се очекува од екипите на Нафта и Радомље во првенството на Словенија. Три од последните четири нивни меѓусебни натпревари завршуваа со по најмалку два гола, а таков ефект вечерва ќе ја направи добитна квотата од 2.05.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.05)

 

3511 – Похроние – Жилина (Б) (18:00)

Екипите на Похроние и Жилина (Б) вечерва ја отвораат новата сезона во словачката втора лига. Интересен е нивниот меѓусебен биланс. На последните четири натпревари, дури трипати биле постигнувани по четири погодоци, а само еднаш имало два погодоци. Екипата на Похроние во подготвителниот период одигра вкупно седум пријателски натпревари и сите беа ефикасни. Само еднаш имаше три гола, додека по трипати нивните натпревари завршуваа со по четири и пет погодоци.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.04)

- Оглас -

Најнови вести