Во Баерн потпишаа капитулација: „Му ја честитаме титулата на Баер Леверкузен“

Екипата на Баерн Минхен ја освојуваше титулата во Бундес лигата во последните 11 сезони, но оваа сезона тоа нема да биде случај. Трофејот ќе патува во Леверкузен, бидејќи Баер има предност од 13 поени пред „баварците“ и за неколку кола и официјално ќе може да ја прослави титулата.

За тоа се свесни и во редовите на Баерн Минхен, од каде веќе му ја честитаа титулата на ривалот.

„Му честитам на Баер Леверкузен за титулата. Јасно е дека Чаби Алонсо ја освои првата титула во Бундес лигата.“ – рече тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, после поразот од Борусија Дортмунд.

„Не сум професор по математика, ниту компјутер, но искрено, не е можно да ја одбраниме титулата.“ – вели фудбалерот на Баерн Минхен, Милер.

- Оглас -

Најнови вести