Во Баерн се налутија: Остануваш кај нас до крајот на договорот

Кингсли Коман е играчот кој одби да потпише нов договор со Баерн Минхен и побара да си замине од „Алијанц Арена“. Ваквиот потег на францускиот фудбалер ги налутило челниците на германскиот гигант и решија да тргнат во контра-напад.

Во последно време чести се шпекулациите дека Коман од следната сезона ќе го носи дресот на Челзи, но сега е многу веројатно тоа да не биде така. Тактиката на Баерн е да го задржат Коман до крајот на неговиот договор, кој истекува во јуни 2023 година.

Тоа значи дека на баварците не им се многу важни парите кои би ги загубиле од евентуалниот трансфер на Коман, туку играч со негови квалитети да остане што е можно подолго во екипата и да има корист во освојување на нови трофеи.

 

- Оглас -

Најнови вести