20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Во Барселона не му се лутат на Гундоган за критиките кон соиграчите

Германецот Илкај Гундоган по поразот на Барселона во мегадербито против Реал Мадрид, изјави дека очекувал поголемо разочарување во соблекувалната на Барса.

Гундоган го даде голот за Барса со кој Каталонците поведоа со 1-0, но потоа дојде пресвртот и на крајот се радуваа гостите од Мадрид.

„Имаше разочарување во соблекувалната, но по ваков пораз во толку важен меч, би сакал да видев поголема фрустрација, лутина и разочарување. Мора да бидеме поемотивни. Не дојдов тука за да губиме на вакви мечеви. И јас сум одговорен за поразот, ние поискусните не треба да дозволуваме да се случуваат вакви работи“, рече Гундоган.

Можеби некој е погоден од изјавата, но ставот на Барса е дека одлично е што Гундоган покажал грижа за тимот и победнички менталитет.

- Оглас -

Најнови вести