21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Во Барселона не оставаат ништо на случајноста, договорот за користењето на „Монжуик“ е продолжен до февруари

Се чини дека Олимпискиот стадион „Монжуик“ ќе остане дом на Барселона сè до февруари или можеби Каталонците паралелно ќе ги користат и двата стадиони. Сè уште нема официјално одобрени за враќање на „Камп ноу“, па раководството на клубот го продолжи договорот со градскиот совет за користење на Олимпискиот стадион до февруари следната година.

Датумот на важноста на новиот договор се поклопува со стартот на нокаут-фазата на Лигата на шампионите, па веројатно планот е „Камп ноу“ да биде реновиран дотогаш.

Според „Мундо депортиво“ потегот на раководството на Каталонците е „за секој случај“, а тоа значи дека Барселона многу порано од овој датум ќе се врати на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести