Во Барселона се убедени дека требаше да им биде признат голот, има нова снимка (Видео)

Се појави една снимка од агол кој навестува дека можеби и имаше гол за Барселона и топката целосно ја минала гол-линијата по шутот на Ламин Јамал, а голманот Андриј Лунин ја вадеше.

На „Бернабеу“ имаше 36 камери, но ниедна не можеше 100 проценти да покаже дали е гол или не, судиите решија дека не е гол.

Француската телевизија Канал+ со 3Д технологија утврди дека топката не ја минала целосно гол-линијата, но во Каталонија се убедени во спротивното и дека Барса требаше да поведе со 2-1 во таа 28-ма минута.

Синоќа се случи голем пораз за шпанската Ла Лига. Ако постоеше гол-технологијата, сега немаше да има коментари околу спорниот момент.

Еве ја снимката за која фановите на Барса тврдат дека докажува дека топката ја минала гол-линијата:

https://twitter.com/i/status/1782225365026394151

- Оглас -

Најнови вести