Во неделата во првенството на Белгија играа Шарлоа и Стандард Лиеж, а гостинските навивачи ги дочека големо „изненадување“ на стадионот. Еден од нив забележал нешто сомнително, па ги известил редарите, кои пронашле рачно направени бомби, кои требало да бидат активирани од далечина.
Веднаш била повиката полицијата и секторот за деактивирање на бомби, а трибината била евакуирана. Во соопштението на обвинителството се вели дека се пронајде вкупно 14 рачно направени импровизирани експлозивни направи, составени од факели и димни бомби, кои требало да бидат активирани со далечински управувач и со сигурност ќе предизвикале хаос на трибината на која требало да бидат сместени гостинските навивачи.
Случајот во обвинителството се води како обид за подметнување на пожар во зграда во која има луѓе, но нема информација за усапсени. Шарлоа на крајот го доби мечот со 1-0.