Во Бешикташ двајца членови заразени со Ковид-19

Турската Суперлига најави рестарт на сезоната на 12 јуни, меѓутоа одлуката сега е неизвесна по потврдата од таборот на Бешикташ каде што има двајца заразени со вирусот Ковид-19.

Станува збор за еден фудбалер и еден член на стручниот штаб на кои резултатите биле позитивни при тестирањата кои се морални пред враќањето на терените. Од клубот велат дека заразените членови немаат симптоми, меѓутоа се сместени во изолација и 24-часовен надзор.

Клубовите веќе влегоа во тренажен процес пред рестарт на сезоната, а претходно еден позитивен случај потврди Фенербахче.

Сезоната во Суперлигата принудно се прекина по 25 одиграни натпревари, а според состојбата на табелата лидер е Трабзон со 53 бода, исто колку што има и Басакшехир, додека позади се Галатасарај, Сиваспор и Бешикташ.

 

- Оглас -

Најнови вести