Фудбалерот на Славен Белупо, Иван Крстановиќ, кој има 37 години, вети дека откако ќе го постигне својот стоти гол во хрватското првенство, во чест на јубилејот ќе испече едно јагне.
Крстановиќ е познат како играч кој редовно дава голови против Хајдук, без разлика на кој клуб бил член (има играно за шест клуба). Против сплитските Били, кои му се редовни муштерии, Иван во кариерата има дадено 13 гола, последниот маестрален во саботата за победа од 2-1.
„Ретко дваам голови со лева нога, но кога давам, тоа се убави голови“, вели Крстановиќ, кој со бомба од 25 метри го реши Хајдук, а вели дека додека играл за Загреб, двапати бил блиску до трансфер во Хајдук.
До крајот на сезоната во ХНЛ има уште 14 кола и реално е популарниот Крле да дојде до својот јубилеен гол број 100 во кариерата.
„Се разбира дека ќе направам прослава за стотиот гол. Ќе испечам јагне и ќе ги почестам пријателите“, ветува Крстановиќ, кој не размислува за крај на кариерата и ќе игра додека го служи здравјето.
Досега во Хрватска само четворица фудбалери (Цвитановиќ, Вугринец, Поповиќ и Мумлек) дале 100 гола.