УЕФА ги извлече двојките за четвртфиналните пресметки во Лигата на нациите. Бранителот на трофејот, селекцијата на Шпанија, ќе се сретне против Холандија. Во полуфиналето победникот од овој дуел ќе оди на победникот од мечот меѓу Хрватска и Франција.
Хрватите за ривал ја добија Франција, а неверојатно интересен ќе биде и дуелот меѓу Италија и Германија.
Португалците во четвртфиналето на Лигата на нациите ќе се соочат со Данска.
Четвртфинале, Лига на нации
Холандија – Шпанија
Хрватска – Франција
Данска – Португалија
Италија – Германија
Полуфинале, Лига на нации
Италија – Германија/Данска – Португалија
Холандија – Шпанија/Хрватска – Франција
The path to Nations League glory in 2025 🏆#NationsLeague pic.twitter.com/6hU4MaNt6g
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) November 22, 2024