Во четвртфиналето од ЛШ ќе има бомба дерби, само тие два клуба се радувале на трофејот

Барселона и Баерн Минхен ќе играат меѓусебе во најатрактивниот меч од четвртфиналето од Лигата на шампиони. Двата европски гиганти во своите истории по пет пати биле европски шампиони, а сега ќе треба во еден меч да решат кој е подобар сезонава. Тој дуел се игра на 14 август, како трет во серијата од четири меча во нокаут фазата.

Според распоредот, четвртфиалните пресметки ќе започнат в среда со мечот Аталанта – Пари Сен Жермен. Следниот ден на програмата ќе биде двобојот меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид, додека на 16 август ќе се сретнат Манчестер сити и Олимпик Лион.

Од сите осум екипи кои останаа во борба за трофејот, само Барселона и Баерн Минхен биле европски прваци Тоа значи дека во полуфиналето сигурно ќе има три клуба кои никогаш не биле шампиони на стариот континент.

 

- Оглас -

Најнови вести