Од 54-те земји кои се членки на Европската фудбалска унија, УЕФА, во 44 веќе се познати шампионите за 2025 година.
Останува уште во десет земји да се одреди првакот, а тоа се: Италија, Белгија, Австрија, Данска, Израел, Хрватска, Полска, Русија, Унгарија и Босна и Херцеговина. Во сите овие земји борбата за титулата се води до крај и не се знае кој ќе биде шампион. Во девет од овие земји (освен во БиХ) шампионот сигурно ќе се одреди викендов од петок до недела, и тоа во мечевите од последното коло. Само уште во БиХ ќе остане уште едно коло за играње на 31 мај, но и таму може викендов да се знае првакот ако Зрињски го победи Игман, па на коло до крај би имал минимум четири бода предност пред Борац Бања Лука.
Најинтересно е во Хрватска, каде што првите три тима се само со два бода разлика и титулата може да отиде кај три различни екипи.