Во Египет се сруши дел од трибина за време на кошаркарски натпревар, за среќа нема жртви (Видео)

Најмалку27 лица се повредени поради рушење на метална конструкција на дел од трибина во сала во Каиро за време на кошаркарскиот натпревар од Суперкупот  на Египет меѓу Ал Ахли и Ал Итихад.

Натпреварот беше прекинат во третата четвртина при резултат 45:66 за гостите, бидејќи се сруши трибина во салата „Хасан Мустафа“ која е изградена пред три години за потребите на Светското првенство во ракомет.

Веднаш по несреќата се огласи египетскиот министер за здравство кој потврди дека пред салата имало дури 21 амбулантно возило со кои биле пренесувани повредените навивачи во болница.

За среќа, ниту еден од повредените навивачи не се наоѓа во животна опасност, но поголем дел од нив имаат скршеници на рацете и нозете.

„Трибината се срушила бидејќи имало премногу навивачи на неа“, изјави подоцна, портпаролот на министерството за спорт, Мохамед Фавзи.

- Оглас -

Најнови вести