Во екот на пандемија ја раситнија илјадарката, против Вардар им е една од најважните победи (Видео)

Најтрофејниот фудбалски клуб во самостојна Белорусија, БАТЕ Борисов, вечерва прослави убав јубилеј во чудни услови и го одигра илјадитиот меч во својата историја.

Го победија Неман со 3:1 во меч од седмото коло во единственото првенство што моментно во услови на пандемија со корона-вирус се игра во Европа.

Една од најважните победи во историјата на клубот е и таа против Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2012/13.

Во Борисов беше 3:2 за БАТЕ, а Вардар прими два гола во последните моменти од првиот меч. Тоа ги чинеше скопјани и елиминација бидејќи во реваншот пред 30 илјади гледачи во Скопје мечот заврши без голови.

Во истото натпреварување имаат уште две победи, против уште еден наш клуб, Македонија Ѓорче Петров во сезоната 2009/10, а двапати славеа против популарните Лавови од Ѓорче Петров со по 2:0.

БАТЕ има 15 титули во Белорусија и е убедливо прв, пред Динамо Минск со 7. Во европските купови имаат дури девет учества во фазата по групи.

Во Лигата на шампионите играа петпати и имаат впечатливи победи против Баерн, Рома, Атлетик Билбао и Лил, а успеаја да не загубат и од Јувентус, Милан, Баер Леверкузен…

- Оглас -

Најнови вести