Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, на „Вембли“ во Лондон ќе го одигра својот последен меч за „милионерите“, откако веќе е јасно дека неговиот договор нема да биде продолжен. Тој пред 12 години простигна во Дортмунд од Борусија Менхенгладбах, а во својата кариера играше и за екипата на Есен.
Германските медиуми откриваат дека следната дестинација на Ројс ќе биде американската МЛС лига, од каде има сериозна понуда, а веројатно се работи за екипата на Интер Мајами, па нема да биде чудно германецот да биде соиграч со Лионел Меси и Луис Суарес.
Марко Ројс за Борусија Дортмунд одигра 424 натпревари, на кои постигна 168 голови.