21.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Во фудбалот ќе доминираат домаќините, интересни тениски и хокеј дуели

Интересна е денешната понуда во Супер типот на Sport Life, каде секако очекувано доминира фудбалот, но има и други спортови. Возбудувањата ќе започнат претпладне со дуел од светското првенство во хокеј меѓу САД и Данска, а секако Американците се големи фавороти.

Во светот на тенисот, дерби на денот е дуелот меѓу Медведев и Циципас, а Гркот е благ фаворит за победа. Кога се работи за тенисот, и Руне треба да се радува во дуелот против Руд.

Фудбалската понуда секако е најголема и најинтересна. Тотенхем дома игра против Брентфорд и за победа на домаќините се дава квота од 1.98, додека Барселона која веќе се промовираше во нов првак на Шпанија, на „Камп Ноу“ го пречекува Реал Сосиедад а дури два квота е за победа на каталонскиот гигант. Сигурица треба да биде и триумфот на Ливерпул против Астон вила, а сигурни кецови треба да има и на Славија Прага – Плзен, Аталанта – Верона и Сент Етјен – Руен.

Од сите фудбалски мечеви во понудата, единствена двојка со зголемена квота е таа на Борнмут – Манчестер јунајтед, каде за победа на Црвените ѓаволи се дава коефициент од 1.65.

На вас останува да одберете еден од натпреварите со зголемени коефициенти.

- Оглас -

Најнови вести